На денешен ден пред 31 година Македонија стана членка на ОН

0

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Македонија беше примена под привремената референца Поранешна југословенкса Република Македонија поради противењето на Грција.

И покрај тоа, најголемем број од државите во светот, повеќе од 150, ја признаа Македонија под уставното име Република Македонија, меѓу кои и две членки на Советот за безбедност, како Кина и Русија.

Со посредство на ОН, меѓу Македонија и Грција почнаа преговорите за надминување на разликите околу името. Овие преговори завршија на 17 јуни 2018 година во селото Нивици со Преспанскиот договор. Со овој договор Македонија го доби новото име Република Северна Македонија. За оваа промена беше одржан неуспешен референдум на кој македонските граѓани требаше да одговорат дали се за промена на името како услов за членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Членка на НАТО станавме, а за членството на Македонија во ЕУ се појави уште еден наш сосед, Бугарија, со барање за смена на историјата и Бугарите да влезат во македонскиот Устав.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content