Научна конференција „Станушина – неоткриена македонска винска приказна“

0

Најавено е учество на претставници од винарскиот и лозарскиот сектор, дипломатскиот кор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, УКИМ.

Конференцијата ќе ја отвори директорот на Земјоделски институт – Скопје проф. д-р Виктор Ѓамовски, поздравно обраќање ќе има ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, а презентации ќе одржат професори од Институтот. Гостин на настанот ќе биде Станислав Кочутар, инжинер агроном од Марибор, кој е чувар заштитник на 400 годишна словенечка винова лоза од Гинисовата книга на рекорди, како и проф. д-р Билјана Ристовска – Јосифовска од Институт за национална историја – Скопје.

Станушина е автохтона македонска сорта која потекнува од Тиквешкото виногорје. Оваа сорта во минатото била основна за производство на далеку познатите црвени тиквешки вина, но со воведување на нови меѓународни сорти на грозје била загрозена нејзината егзистенција и зачувување. Токму и целта на оваа конференција е да придонесеме за нејзина поголема промоција и афирмација, наведуваат организаторите на конференцијата.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content