Над 13500 барања поднесени за поддршка за исплата на плата во октомври

0

Управата за јавни приходи информира дека досега се одобени вкупно 13 696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година, а на 11 954 работодавачи е исплатената финансиската поддршка.

Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари, а опфатени се 58 302 вработени. Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение, наведуваат од Управата за јавни приходи.

 

Оваа мерка е дел од четвртиот пакет економски мерки, и се однесува за поддршка на работодавачите за исплата на плата на вработените во последните три месеци од оваа година, односно за октомври, ноември и декември.

Мерката беше дел и од претходните пакети антикризни мерки, кога поддршката изнесуваше 14.500 денари, а поддршката сега е скалеста зависно од тоа колку се намалени приходите на фирмата и изнесува од 14.500 денари до до 21.776 денари по вработен.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content