СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех.

Воведувањето на овие нови студентски стипендии значи проширување на можностите за финансирање на студирањето на младите и уште еднаш ја потврдува заложбата на МОН за подобрување на студентскиот стандард.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content