Мицкоски дочекан со достоинство и почит во Турција, на Заев ни знаме не му извадија: Како се однесуваш дома, така те третираат надвор (ФОТО)
Во периодот што следува, односите меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, истакна премиерот Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која се одржа пред три дена, на 13-ти јуни.
На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.
-На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната, се наведува во објавата на Мицкоски.

Премиерот посочува дека ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.
-Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, се наведува во информацијата.

Кога ќе ги погледнеме фотографиите објавени од оваа средба, не може, а да не се присетиме дека кога поранешниот премиер Зоран Заев оствари средба со Ердоган, се случи и дипломатско непочитување на нашата земја. Срамот, остана кај делегацијата и протоколот кои Заев ги носеше со себе, незаинтересирани или неспособни да проценат дека зад македонскиот премиер не е истакнато македонско и турско како што доликува, туку две турски знамиња.
