Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

0

Причината за паѓањето на социјалните мрежи сè уште не е позната. Твитер функционираше непречено.

Проблемите започнаа нешто по 23 часот, кога падна страната на Фејсбук за голем број корисници. По полноќ ситуацијата се подобри, но сè уште има повремени проблеми.

 

Како што јави порталот Downdetector, пријавени се проблеми на повеќе континенти. Многу корисницивоопшто не можеа да пристапат до оваа социјална мрежа, некои можеа само делумно да пристапат или требаше многу време да се вчита newsfeed.

Порталот посочува дека за кратко време беа забележани десетици илјади пријави. Околу 56 проценти од луѓето изјавиле дека воопшто не можат да пристапат до Фејсбук, 26 проценти од нив дека имаат проблем со најавување, а 16 проценти со newsfeed.

Тешко се пристапува и до Инстаграм.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Прифаќам Повеќе

Skip to content