Македонски семејства заглавени во Киев и во Харков, евакуацијата на амбасадата заглавена на 200 км од граница

0

Во краткиот телефонски разговор ни рече дека откако повеќе македонски медиуми ја објавија информацијата дека се заглавени во Украина, добиле повик од МНР за да испратат податоци за патните исправи.

Беше вознемирен и рече дека се надева дека планот за евакуација ќе се реализира. Претходно контактирал со амбасадата за извлекување, но тоа не се реализирало до евакуацијата на македонскиот дипломатски персонал.

Телма доби потврда за уште едно семејство во Киев, Украина како и за македонски државјани во градот Харков каде има напади и оваа ноќ.

Од друга страна фудбалерот Ѓоко Зајков со фотографија потврди дека успешно се евакуирал. Преминал во Унгарија со семејството.

Меѓу илјадниците кои бегаат се и 40-тина македонски државјани.

Амбасадорот Крум Ефремов и трочлениот персонал на амбасадата две ноќи поминале во скривница, но во 11:30 часот денеска по македонско време, започнала нивна евакуација по безбеден коридор кон Молдавија.

Последната информации се дека се заглавени на 200 километри од украинската граница во огромни колони возила, ни потврди инистерот Османи.

МНР објави информација вечерва дека е организирана евакуација на македонски државјани од Одеса, но и за помош на камионџии кои се заглавени во кризниот регион.

Османи денеска ја прочита и последната порака од амбасадорот Ефремов упатена од скривница.

ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ ПРЕСПАЛЕ ВО СКРИВНИЦА, ПОЧНА НИВНАТА ЕВАКУАЦИЈА.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Прифаќам Повеќе

Skip to content