СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Македонски амбасадор го понижи првиот шпански дипломат во Македонија, Гарсија направил груб дипломатски скандал

Македонскиот амбасадор Оливер Шамбевски кој бил претставник на земјава во Кина и Ватикан со протоколарни аргументи го понижи првиот шпански дипломат во Македонија.

Шпанскиот амбасадор Гарсија направил груб дипломатски скандал со учеството на настан организиран од владеачките партии на кој се плука по опозицијата и се наведуваат 80 проценти од граѓаните кои се против уставните измени.

Според Шамбевски шпанскиот амбасадор треба да се засрами што учествува во политичка пресметка на настан кој сам по себе е со силни индиции за корупција.

,,Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин. Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција…

Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате.

Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап”, пишува Шамбевски за шпанскиот амбасадор кој нанесол срам за својата држава во Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content