Македонските јагниња и јариња добија „виза“ за странство

92

Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското собрание на делегати на ОИЕ, за Република Северна Македонија претставува основа за полесен пристап до меѓународните и отворање на нови пазари, но и мотив за уште поголемо унапредување на овчарството и козарството во земјава – соопштува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

За добивање на статусот на РСМ слободна земја од болеста чума кај мали преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство до ОИЕ минатата година достави апликација и досие во кое детално беше наведена состојбата со болеста во земјава, постоечките контролни системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот и други податоци релевантни за добивање на овој статус. Болеста чума кај малите преживари, додава тој, не е опасна за луѓето, но, причинува големи економски загуби кај овците и козите.

 

Болеста задолжително се пријавува во OIE и затоа и покрај добивањето на статутот слободна земја од болеста чума кај малите преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство има обврска за задолжително информирање на ОИЕ за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари – заклучува Бабовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content