Македонија ќе добие мажи на годината, народот ќе номинира и избира!

0

На гала вечер ќе бидат избрани 13 најуспешни мажи во 13 категории, а јавноста ќе може да номинира кој маж може да биде избран за најуспешен.

За некој ден ќе ја известиме јавноста за можноста за номинации на мажи кои според нив се најзаслужни за награда во категориите. Веднаш потоа, традиционално, дел од номинираните ќе ги поставиме јавно на гласање, и со помош на публиката ќе го избереме Мажот на годината за 2021 во избор на социјалните медиуми. Таа награда е некако посебна, знаејќи дека нашата јавност знае да биде навистина многу критична и реална-информираат од организацијата.

Минатата година изборот на Мажи на годината се емитуваше на МТВ, а беа доделени награди во 13 категории, помеѓу кои менаџер на годината, маж со стил, маж на годината според социјални медиуми, маж со најголем придонес во општеството, хедонист на годината, маж со трајни вредности и други.

Горан Пандев беше прогласен за маж на годината 2020, а помеѓу наградените во останатите категории се најдоа Влатко Стефановски, Игор Ангеловски – Мрме, Ѓорѓи Дамјановски, Але Февзи, Пако Радовановиќ, Петар Денковски и други.

Целта на настанот е да се обединат и поврзат на едно место најуспешните мажи во Македонија, да се промовираат добрите навики и успеси кои ќе бидат вистински мотив за сите, како и да се подигнат квалитетот на животот и личниот развој кај секој од нас, истовремено оставајќи позитивна слика во јавноста.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content