Златни медали освоија Димитар Ѓеорѓиев, Мила Тодорова, Силвио Мировски, Славе Делиовски, Олгица Орешкова… Тие се издвоија и како најдобри кик-боксери во првенството.
Македонија медалите ги освои и во женска и во машка конкуренција, во категориите помлади јуниор и постари јуниори, сениори, помлади кадети, постари кадети, и во различни класи, поделен и според килограмите на натпреварувачите.
На Балканското првенство учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија и Турција.