Лош сигнал од Брисел за Ковачевски, Груби, Маричиќ и Македонија (ВИДЕО)

0

Лош сигнал од Брисел за македонските евроинтеграции и позициите на премиерот Ковачевски, вицепремиерите Груби, Маричиќ и другите членови на владата кои тврдат дека членството на Македонија во ЕУ е блиску и дека само треба да се смени уставот.

Премиерот на Белгија Александер Де Кро во најавата на белгиското претседавање со ЕУ најавува дека ќе гради мостови меѓу земјите членки на ЕУ без воопшто да ја спомене Македонија или другите земји кандидати.

Меѓу трите приоритети на Белгија во наредниве шест месеци како претседавач воопшто не се споменува проширувањето кое досега речиси секогаш било една од главните теми на кое работела ЕУ.

Сега трите приоритети за Белгија според Де Кро се безбедноста на граѓаните на ЕУ, подобрување на економската состојба и стандардот во ЕУ на одржлив начин и да ја подготви Европа за иднината.

Проширувањето со нови членки не е приоритет на Белгија.

Skip to content