СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Лош крај на Европско првенство во секс

Порно ѕвездите ги спакуваа куферите и си отидоа од првото Европско првенство во секс. Натпреварот пропадна неславно бидејќи натпреварувачите тврдат дека биле измамени за илјадници фунти. Шестнеделниот натпревар предизвика голема врева кога 16 жени од целиот континент се појавија на тајна локација во близина на Гетеборг, Шведска.

„Ситуацијата за жал, е надвор од контрола. Тоа е хаос. Повеќе од тоа- се претвори е во хорор филм“, изјави натпреварувачката Селва Лапиедра.

Од натпреварувачите било побарано да имаат секс најмалку 45 минути дневно, а на проценката на нивните сексуални односи влијаеле голем број фактори: издржливост, техника и креативност.

Учесничките мислеле дека ќе заработат 690 фунти за секој ден поминат во загушливата соба, додека мажите требало да добиваат 345 фунти дневно. Пред нив имало добри 860 илјади фунти кои победникот требало да ги освои.

Но, тогаш сè тргна наопаку. Сите натпреварувачи ја напуштија куќата на почетокот на оваа недела поради тврдењата дека организаторот Драган Братиќ,од Босна и Херцеговина, и Шведската сексуална федерација не им ги платиле хонорарите, пишува Дејли Стар.

Лара Ли (28), актерка на порно филмови од Бурнемут, требаше да лета за Шведска во понеделник, но реши да не оди таму откако слушнала за ситуацијата.

„Дознав дека на луѓето не им е платено она што беше ветено, па решив да не присуствувам. Тажно е затоа што беше одлична идеја, но звучи како лоша организација која се претвори во хаос“, рече Ли. Талија Минт, која ја претставуваше Украина објави видео од куќата пред да замине.

„Сите сакавме ова да функционира. Бевме многу возбудени за можноста и да бидеме дел од овој проект“, рече Минт.

24-годишната девојка објави вознемирувачко видео на кое се гледа како Братиќ, сопственик на стриптиз клуб, се обидува да и го грабне мобилниот телефон. Во видеото таа тврди дека не биле платени и дека на еден натпреварувач му било дозволено да учествува без претходно да биде тестиран за ХИВ.

„Тој (г-дин Братиќ) одбива да ми плати за моето време и мојата работа и сега ги имате сите информации за овој проект, сакам компензација“, додаде таа.

Таа сега наведува дека покренала правна постапка против Братиќ и Шведската сексуална федерација и бара надомест на штета.

“Сите натпреварувачи доаѓаат од порно индустријата, но тие не беа поканети како порно актери туку како натпреварувачи на Првото европско првенство во секс. Не ангажиравме порно актери за овој проект. Тие ги игнорираа правилата на натпреварот и на Шведската федерација за секс и се однесуваа непрофесионално и на штета на федерацијата. Внесоа дури и алкохол во куќата и воопшто не се однесуваа спортски. Поради ова сите натпреварувачи беа дисквалификувани од натпреварот. Никој од нив не го донесе дури и знамето на својата земја , освен хрватската претставничка Марија, па Шведската федерација за секс им ги купи знамињата на нивните земји. На излегување го украле дури и снимениот материјал на организаторот на Шампионатот. Нивното заминување и сè друго што направија и сè уште прават, нанесоа штета на репутацијата и огромна финансиска загуба на Шведската сексуална федерација. Нашите адвокати работат на случајот против секој од нив, рече Братиќ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content