Рокот на траење на храната е нешто што го гледаме кога купуваме намирници. Оваа проверка ја спречува можноста за консумирање и труење од расипана храна. Се поставува прашањето, колку ригорозно треба да се сфати рокот на употреба?
Како што пренесува порталот Healthy Food Guide, рокот на употреба ни дава информации за квалитетот на самиот производ, но и до кога е безбедно да се консумира храната. Постојат три методи кои често се користат при етикетирање на храната.
1. Најдобро е да се користи во одреден период
Оваа информација не информира колку долго можеме да консумираме одреден производ. Храната треба да се употреби или, во краен случај, да се фрли ако овој датум е надминат. Ова треба да се направи за да се спречи потенцијално труење со храна.
Храната означена на овој начин може да биде неекономична и бескорисна за исхрана, бидејќи често при купувањето не можете да забележите знаци на расипување на производот, непријатен мирис или мувла.
Оваа ознака се користи на производи кои не можат долго да издржат, како јогурт, млечен крем, месо и слично.
2. Најдобро е да се користи до …
Оваа ознака покажува колку долго можеме да го користиме производот, а тој да го задржи својот квалитет, се разбира, ако се складира правилно. Многу е важно како сте ја складирале таа храна, но важно е и како тој производ се чува во продавницата од каде сте ја купиле.
По истекот на рокот на траење на храната, таа не се расипува, туку само почнува да го губи својот квалитет. Ова не важи за оние намирници каде што пакувањето е оштетено.
Житариците, колачињата, грицките, брашното, јајцата, конзервираната и замрзнатата храна често ја имаат оваа ознака. Доколку имате храна во фрижидерот на која и истекол рокот пред неколку дена, треба да проверите дали е во ред.
Не купувајте ги овие намирници:
Кога пакувањето е оштетено или не е добро затворено;
Подуени или сериозно оштетени лименки, како и оние што оксидираат (‘рѓа);
Јајца што се оштетени;
Замрзнати производи што содржат кристали мраз.
Ако нема видливи знаци дека храната е расипана и ако мириса добро, веројатно е доволно добра за употреба.
3. Датум на производство или пакување
Производите со рок на траење до седум дена ја носат оваа ознака. Тие вклучуваат леб, мафини, а понекогаш и колачи. Се подразбира дека одредени наведени правила не важат целосно ако храната е отворена и потоа оставена во фрижидер.
Кога го отвораме производот, датумот на истекување често не важи. На пример, тегла со доматно пире може да се остави неотворена долго време, но штом ќе се отвори, треба да се користи во рок од 10 дена од отворањето.