СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Која е скопјанката што со песна и неверојатен глас ги расплака сите во Никогаш не е доцна (видео)

Јованка ја расплака Тијана, а таа и се заблагодари за солзите

Скопјанката Јованка Јакимоска Митревска (46) ги освои сите со својот глас кога се појави на сцената во „Никогаш не е доцна“.

„Никогаш не е доцна за ништо во животот, само доколку човек одлучи, патот се отвара. Бог им помага на сите“, истакна Јованка.

Таа е разведена, има една ќерка и како што самата вели, во последно време работи на себе и на своите мани.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Кога се појави на сцената Жика Јакшиќ веднаш сакаше да дознае што и значи Јованка Јо во нејзината биографија.

„Тоа е моја измислица, моето уметничко име“, му одговори натпреварувачката која со својот глас ги воодушеви сите во студиото.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Таа најпрво се претстави со македонската песна „Штом се сака“, а Тијана Дапчевиќ кога ја слушна изјави:
„Прекасно. Еве, почнав да плачам“.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Јованка со својата емотивна изведба ги освои симпатиите на публиката, но и на сите претставници на жирито.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Како да си пораснала на оваа сцена, беше самоуверена и некако подобро ми звучи Јованка Џо. Ова беше супер“, коментираше Дејан Матиќ.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Пејачката доби пофални коментари и од Саша Милошевиќ Маре, додека Тијана заради силните емоции само кажа:

„Ти благодарам многу, ме донесе до солзи“.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

По настапот во шоуто, Јована пред камерите призна дека прв пат е во емисија и дека имала позитивна трема.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Во слободното време вели пее и медитира, но музиката и е на прво место. А во врска со тоа што е разведена, признава дека не се плаши можноста Жика во емисијата да распише конкурс за мажачка.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Нека распише слободно. Само, јас ќе одлучам на крајот“, порача Јованка со насмевка на нејзиното лице.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content