СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Комволт“ овозможува целосна заштита од заканите на рансомвер

Рансомвер (Ransomware) е насекаде. За да бидете сигурни дека вашите податоци се заштитени, безбедни и достапни, потребна ви е водечка технологија во индустријата и вистински партнер кој ќе ви ја овозможи.

Сите компании тврдат дека ги имаат најдобрите решенија, но што велат експертите? Дознајте ги вистинските факти за интелигентните решенија за управување со податоци на „Комволт“ (Commvault) од двата, неодамна објавени, извештаја на „Гартнер“:

  • Гартнер 2020 – критични можности за бекап на дата центар и солуции за обновување на податоци, каде што се истакнува дека „Комволт“, меѓу девет компании, ги доби највисоките оцени за девет критични можности во три случаи на употреба: јавен облак (4,15 од 5), виртуелна средина (4,18 од 5) и околини на физички сервер (4,09 од 5).
  • Гартнер – Магичен квадрант за дата бекап центар и солуции за обновување, во којшто „Комволт“ беше прогласен за лидер на пазарот по деветти пат.

 

Во борба против заканите на рансомвер, може да се потпрете на единственото, интегрирано решение на „Комволт“ за враќање на податоците. „Комволт“, ќе ви овозможи целосна заштита што ги намалува ризиците во сите крајни точки и апликации.

Колкав и да е предизвикот, „Комволт“ ќе ве подготви. Од бекап и управување со податоците во клауд, до проширување и усогласување на капацитетот на вашиот хардвер, ќе обезбедиме докажани решенија за да ги одржуваме вашите податоци
безбедни и достапни.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content