СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Карванот за вториот повик за социјални услуги на локално ниво во Гевгелија и Прилеп

Карванот за презентација на вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво денеска ќе биде во Гевгелија за Југоисточниот и во Прилеп за Пелагонискиот плански регион.

Како што информираат од МТСП, општините треба да изразат интерес за учество на јавниот повик, почнувајќи од 1 јули 2022 година. По завршувањето на овој процес ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините. Заинтересираните општини за учество ќе добијат и бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози.

Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект со доделување на грантови ќе се придонесе за проширување на понудата на социјалните услуги. Идејата е преку овој проект во рамки на севкупната социјална реформа да се креираат нови социјални услуги, да се подобри нивниот квалитет и да се зголеми опфатот на корисници.

Во Велес и во Штип за Вардарскиот и за Источниот плански регион презентациите ќе се одржат на 6 јули, а на 7 јули во Гостивар за Полошкиот и во Охрид за Југоисточниот плански регион. Презентацијата за Скопскиот регион ќе се одржи во главниот град на 8 јули 2022 година.

Минатата недела, вториот јавен повик за финансирање на развој на социјални услуги на локално ниво беше презентиран пред претставници на Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Од МТСП информираат дека досега, преку првиот јавен повик за доделување грантови се реализираа 22 проекти во 27 општини. Од нив, 16 се за помош на нега во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 546 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

Социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика се темели на четири постулати – плурализација, преку која покрај државата, се овозможува вклучување и на други субјекти во давањето на услугата со што се збогатува понудата; инклузија – преку што се менува традиционалниот пасивен, во активен пристап; деинституционализација, која е еден од главните столбови на Законот за социјална заштита; и децентрализација, со што во процесот на социјални услуги се вклучуваат и општините.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content