Како правилно да ги замрзнете јагодите (без да се згмечат и да го изгубат вкусот)

52

Јагодите се сочно и меко овошје кое ако не е складирано правилно, особено за замрзнување, може да се претвори во безлична каша која го изгубила вкусот. Но, постои начин да ги замрзнете без да ги уништите, а со тоа и да го зачувате нивниот прекрасен вкус и да ги користите кога и да сакате подоцна.

Кога ќе се појават на пазарите на почетокот на сезоната, често знаеме да купиме поголема количина јагоди отколку што можеме да изедеме, па на крај не ни преостанува ништо друго освен од нив да се подготви џем или да ги замрзнете.

Ако ги замрзнете правилно, ќе ги зачувате нивните хранливи состојки и квалитетот на плодот, а што е најважно, нивниот вкус. Она што ќе го изгубат е цврстината, но и омекнати можете да ги користите во многу рецепти.

Strawberry fruits in a woman’s hands. Green leaves on the background.

Чекор 1: Подготовка

Изберете ги јагодите што се цврсти, темноцрвени и потполно зрели. Измијте ги, оставете да се исушат и отстранете ги зелените дршки и ливчиња. Наредете ги на хартија, во тава за печење во еден ред, без многу да се допираат едни со други.

Strawberry with leaves

Чекор 2: Замрзнување

Тавата за печење ставете ја на полица во замрзнувачот. Следниот ден соберете ги смрзнатите јагоди во пластична кеса, оставајќи ѝ малку воздух, за да се избегне евентуалното залепување на плодовите.

Бонус совет:

Можете да експериментирате и да ги исечете јагодите на половинки и да ги посипете со шеќер, па откако шеќерот ќе се растопи, тогаш смрзнете ги. Ова е корисно ако сакате да ги комбинирате во џем или слатко со некое овошје кое зрее подоцна од нив.

Овој начин на замрзнување е практичен и за малини, капини, боровинки, рибизли, како и сите останати видови шумски овошја.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content