Какво ќе биде времето до Нова година

31

Неделата започнува со пониски температури, нормално за средината на декември. Максималните во текот на оваа недела ќе се движат од 7 до 13 степени.

На почетокот од следната недела започнува зголемување на облачноста, со услови за врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 9 до 12 степени, а утринските од 0 до 3 степени.

На 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег.

За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува со услови за дожд кои наместа ќе преминат и во снег.

Првиот ден ќе биде со врнежи од дожд, а на повисоките места и врнежи од снег. Температурата до 8 степени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content