СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Ќе се исплатат парите за субвенциониран студентски оброк за изминатите 2,5 месеци

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.

„Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември“, најавуваат од МОН.

На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content