СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Интерното одделение во Прилеп повторно станува ковид центар

Интерното одделение во прилепската болница повторно станува ковид центар, бидејќи модуларната болница се уште не е подготвена.

Ваквата одлука следува по зголемениот број на новозаразени лица во градот.

Денеска се регистрирани нови 29 случаи, додека пак 5 лица ја изгубиле оваа битка (83г, 75г, 75г, 73г, 49г).

 

Во моментов во Прилеп има 483 активни случаи. На болничко лекување се 48, од нив 42 во тешка здравствена состојба со кислородна подршка, а во дневната болница регистрирани се 40 пациенти.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content