СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Икона на Пресвета Троица со честица од светиот Мамвриски даб од Хеброн, од денеска го краси храмот Св. Петка во Прилеп (ФОТО)

Иконата на Пресвета Троица, со вграден реликвијар во кој има честица од старозаветниот Мамвриски даб, кој се наоѓа во близина на израелскиот град Хеброн, денеска беше предадена на храмот “Св.преп.мчца. Параскева (Петка) Римјанка” во населбата Точила во Прилеп.

-Библискиот настан претставен со оваа икона е опишан во Старозаветната книга Битие, и се случил околу 1 800 години пред Христа, во Мамре кај Хеброн, на западниот брег на реката Јордан.

Имено, за да се скрие од жештината на денот, старозаветниот патријарх и прататко Аврам ги сместил своите гости, трите Ангели односно Троичниот Бог, под крошна на даб, познат во Библијата како Мамрискиот даб, во чија непосредна близина живеел. Овој даб е зачуван до денес, а се наоѓа на имотот на рускиот манастир Света Троица.

Според традицијата, дабот е стар околу 3800 години а според некои верувања дури и 5.000 години и претставува своевидна светиња за христијаните, Евреите и муслиманите. Според старозаветниот текст и преданието, токму на ова место три ангели му објавиле на пророкот Авраам, во неговата 99-та година, дека ќе добие син. Исак, неговиот син, се родил следната година.

Постои верување дека сушењето на овој даб ќе го најави крајот на светот и апокалипсата. Дабот се исушил во 1996 година и тоа ги разгорело толкувањата дека крајот на светот е близу. Сепак, по Божја милост, во 1998 година, дабот повторно разлиста.

Иконата со димензии 40×30 е подарок на храмот од благочестиви семејство од Прилеп, а е дело на иконописецот и зограф Николче Српчански и е иконописана во духот на источната православна иконописна традиција, врз основа на старозаветниот мотив каде Светотроичниот Бог му се јавува на отецот Авраам во вид на три ангели.

Иконата на Пресвета Троица со честицата од Мамрискиот даб ќе биде изложена за поклонение и целивање во текот на трите денови кога го празнуваме еден од најрадосните празници – Духовден или Педесетница.

Нека благословот Авраамов биде над Прилеп и прилепчани! За многу години Духовден – стои во објавата на храмот.

Извор: МаркукулеМК.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content