За три дена 659 новозаболени од коронавирус и 13 починати лица

38

Бројките на коронавирус во Македонија секој ден стануваат се поалармантни. Во изминатите три дена во земјава се регистрирани вкупно 659 новозаболени од Ковид-19, а починати се 13 лица.

Според податоците од Министерството за здравство, во деноноќието меѓу саботата и неделата се направени 1 350 тестирања и регистрирани се 191 нови случаи на КОВИД-19, со што вкупната бројка на активни случаи во нашата земја изнесува 2 693, откако во петокот беа регистрирани 225, а во саботата рекордни 243 нови случаи.

 

Во посочениот период оздравени се 77 пациенти, а во болнички услови починати се три лица, 81- годишен пациент од Скопје, еден 67-годишен пациент од Кичево и еден 77-годишен пациент од Струга.

Рекордер по активни случаи е главниот град со 966, по што следи Кочани – 183, Куманово и Струмица по 181, Тетово – 161 и Прилеп – 147. Во овие шест града се над 67 проценти од сите активни случаи.

Најмалку активни има во Неготино – 11, Гевгелија, Ресен и Дојран – 8, Македонски Брод – 5, Пехчево – 4, Демир Хисар и Кратово по два и Крушево еден активен.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content