СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Обраќање на премиерот Заев и министерката Царовска по повод Светскиот ден на наставниците

Премиерот Зоран Заеви министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе се обратат по повод Светскиот ден на наставниците, на градскиот плоштад во Скопје.

Настанот е дел од кампањата „Учиме од вас. Ви благодариме!”, што Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја спроведуваат во текот на учебната 2020/2021 година.

Како што соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, на настанот ќе се обрати и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани, при што ќе биде претставена инсталација со училишни ранци за да им оддадат признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

 

Инсталацијата со училишни ранци ќе биде поставена на градскиот плоштад во Скопје три дена, овозможувајќи им на посетителите да се вклучат со свои пораки за наставниците. /МИА

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content