Започна ли ДУИ со кампања за бојкот на изборите за претседател (ВИДЕО)
Започна ли ДУИ со кампања за бојкот на изборите за претседател.
Во видео објавено на профил на социјалната мрежа Тик – Ток се повикува на бојкот на претседателските избори односно се бара Албанците да не го даваат својот глас за двајцата кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.
Профилот на Тик Ток кој важи за неофрмален комуникациски канал на ДУИ и УЧК повикува Албанците да не гласаат за ниту еден од двајцата македонски кандидати.
За потребите на кампањата на бојкотот се користи и посебно компонирана песна во која се зборува за ВМРО-ДПМНЕ и Голема Албанија.
Профилот ги користи хаштазите #ArtanGrubi #AliAhmeti и #MenduhTachi.
ДУИ официјално не излегува со коментар на повикот за бојкот ниту ги демантира тврдењата дека партијата се залага за бојкот.
Со официјален бојкот ДУИ која и онака не може да влезе во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја губи и најмалата шанса било кога да биде партнер на Мицкоски.
Обидот на ДУИ со бојкот да се обиде да ја урне институцијата претседател на Македонија и да предизвика институционална криза ќе ја остави ДУИ надвор од власта дури и ако има 30 пратеници велат извори во опозицијата.
Засега за можниот бојкот молчат и странските дипломати во Скопје. На оваа тема засега молчат и американската амбасадорка и претставникот на ЕУ во Македонија.
Видеото на овој линк на Тик Ток