Започнаа подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола”

0

Општина Прилеп како покровител заедно со новоформираниот иницијативен одбор, ги започна подготовките за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”.

Турнирот ќе се одржи по пауза од 3 години, а натпреварите ќе се одиграат од 10 до 25 декември во спортската сала на основното училиште “Добре Јованоски”.

На турнирот учество ќе земат 32 екипи поделени во 8 групи, а сите детали околу средствата за котизација, наградните фондови и жребот ќе бидат познати во текот на идната недела.

Турнирот оваа година ќе понуди богата спортска програма со 5 натпревари во еден ден, а во викендите предвидени се и натпревари за најмалите, како и ревијални натпревари.

-Како покровител на турнирот “Св. Николa”, заедно со иницијативниот одбор ќе се погрижиме турнирот да се одржи во одлична спортска атмосфера и организација. Фудбалските вљубеници од нашиот град треба да знаат дека како општина повеќе пати се обидовме да го обезбедиме спортскиот храм – Универзалната сала, каде турнирот традиционално се одржуваше со години, но за жал не наидовме на разбирање од централните власти – велат од општина Прилеп.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content