СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Викендов по деветти пат ќе се одржи фестивалот “Крушево низ корија”

Престојниот викенд, на 19 и 20 август, во Крушево по деветти пат ќе се одржи фестивалот на отворено „Крушево низ корија“, кој во своите содржини ќе опфати: кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини: планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер, дегустација на крушевски специјалитети подготвени од здружението “Крушевска жена”, како и голема журка во Крушевската корија, низ која ќе не’ водат DJ SLAVE и ROOTBOY SELECTOR.

Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево.

Велосипедската тура ќе се вози на 20.08. (недела) на три патеки:

Мала МТБ тура „Крушево низ корија„ – Турата е со должина од 15км и елевација од околу 300 метри…. категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност, препорачлива за секој рекреативец.

Средна МТБ тура „Крушево низ корија“ – Турата е со должина од 30 км и елевација од 700 метри… категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност.

Голема МТБ тура „Крушево низ корија“ – Турата е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.

Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота и недела, 19 и 20.08, од 10.00ч – 19.30ч .

Планинарска тура во недела, 20 август, е со почеток во 10.00ч, и истата ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км.

Турата е класифицирана како средно тешка тура, која може да ја изоди секој од 7 до 77 години.

-Во 80% од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење. Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости – стои во соопштението од организаторот од каде ги повикуваат сите вљубеници во природата да дојдат и да уживаат во убавините што ги нудат Крушево и крушевската корија.

Извор: МаркукулеМК.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content