ЕУ ја стави Македонија на црна листа на држави со сомнителен даночен систем

35

На листата главно се наоѓаат држави од карипските острови како Доминика и Панама, познати како „даночни раеви“ – места каде што се кријат пари од сомнително потекло.

Според соопштението на Европскиот Совет, Македонија е ставена на црната листа заедно со Костарика, Хонг Конг, Малезија, Катар и Уругвај. Советот ни дава рок до крајот на 2022 година да го измениме нашиот даночен модел за да го усогласиме со системот на Европската Унија. Во спротивно, на Македонија ѝ се закануваат економски санкции и казни – како што е кратење на пристап од одредени фондови на Унијата.

Црната и сивата листа на држави со сомнителни даночни системи се составува двапати во годината. Притоа, Советот ги оценува државите зависно од нивното ниво на даночната транспарентност, даночното затајување и сомнителните трансфери на средства.

Според соопштението на Советот, во Македонија од јули до септември преговарала со Европскиот Совет, и дала уверување дека ќе ги исполни бараните промени во даночниот модел, поради што е ставена на црната листа додека не го исполни ветувањето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content