Еднократна парична помош на секое семејство за новородено дете

0

За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари.

Средства за секое новородено дете ќе се добиваат преку поднесување на Барање од страна на родителите кое што заедно со копија од лични карти на родителите и нивна копија од жиро сметка ќе треба да се достават во Локалната самопуправа на Општина Прилеп.

Барањето кое што треба да се потполни може да го преземите на следниот линк,  или на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk/ во полето Е-УСЛУГИ, или истото да се потполни при самото поднесување на документите во локалната самоуправа.

Програмата за доделување на еднократна парична помош за секое семејство за новородено дете, беше едно од ветувањата на градоначалникот Борче Јовчески .

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content