До среда ќе има одлука на Антикорупциска дали кандидатите за судии и обвинители може да бидат тестирани додека трае кампањата

94

Откако изборниот штаб на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, упати приговор до Антикорупциската комисија, дека академици за идни судии и обвинители ќе бидат тестирани во предизборниот период, Антикорупциска има пет дена да одговори во итна процедура. Штабот на Силјановска тврди дека станува збор за вработување на нови судии и обвинители со што има изборно влијание, додека од Академијата за судии и јавни обвинители велат дека тестирањето е редовно, а тие што ќе го поминат ќе бидат вработени после изборите.

Во имињата на новите академци има и кандидати со политички врски со власта, обвинуваше опозицијата наведувајќи ги имињата на Мики Крстев, заменик министер за локална самоуправа, членот на ДИК од ДУИ Дитмире Шеху и други кандидати.

Со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители на Академијата се кршат изборните правила и законот затоа што на тој начин се овозможува вработување на идни судии и обвинители со постапки во изборен период, смета изборниот штаб на кандидатката на опозицијата за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

Академијата за судии и јавни обвинители негира дека се врши влијание во изборниот процес, зашто сега се спроведуваат фази од приемниот испит а не засновање на работен однос. Оттаму истакнуваат дека и во 2015 година Антикорупциска дозволила да се одвива процесот на тестирање, а вработувањата се случиле две години подоцна, во 2017.

Најдоцна до среда ќе имаме јавна седница за да донесеме одлука, изјави претседателката на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска за Телма.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content