Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ 2023

4

Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена годинашната државна награда „Мето Јовановски“  – највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

За 2023 година оваа награда ќе им биде доделена на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ – непрофитно, независно улично списание, посветено на одржливиот развој, социјалната правда, принципите на еднаквост, демократија и хуманост, и на Борче Стојменов од Кавадарци, кој собира расипани лаптопи и компјутери, од нив креира нови и ги праќа на социјално загрозени семејства.

Државната награда „Мето Јовановски“ се доделува на Меѓународниот ден на човековите права 10 Декември. Именувана е по писателот Мето Јовановски (1928-2016), прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа и негов почесен претседател.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content