Дислајковите на Јутјуб нема да бидат јавни

45

Копчето „не ми се допаѓа“ сè уште ќе постои, но бројката на кликнувања ќе биде приватна, односно само сопственикот на каналот ќе може да ја гледа. И, сепак, „недопаѓањата“ ќе продолжат да влијаат на алгоритамските препораки

Јутјуб откри дека некои луѓе одлучуваат – врз основа на бројот на допаѓања и недопаѓања, дали да го гледаат видеото и верува дека криењето на бројките многу би им помогнало на почетниците. Новите и „мали“ видеокреатори често се „мета“ на негативни кампањи, а во пробниот периодот тоа било значително намалено. Потегот на Јутјуб теоретски нуди поголеми можности за успех и заштита од непотребни закани.

Дали секој корисник ќе има корист од ова и дали одлучните „негативци“ ќе најдат нов начин на злоупотреби – допрва ќе се дознае.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content