СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Португалија им забрани на шефовите да испраќаат мејлови на вработените надвор од работното време

Компаниите со повеќе од 10 вработени може да се соочат со казна доколку контактираат со вработените надвор од времето наведено во нивните договори за работа.

Донесени се и нови правила за далечинско работење на работниците со деца. Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од нивните работодавци, додека нивните деца не наполнат осум години.

Компаниите, исто така, би можеле да бидат принудени да платат дел од трошоците за работа од дома, на пример за трошоци за струја или интернет.

 

Со оглед на тоа што работниците може да доживеат чувство на изолација, од компаниите се очекува да организираат редовни физички состаноци.

Сепак, некои елементи од правниот пакет не беа прифатени во португалскиот Парламент, вклучително и „правото на исклучување“ што би им овозможило на работниците да ги исклучуваат сите уреди по работното време.

Португалската министерка за труд и социјална заштита, Ана Мендес Годињо, на конференција во Лисабон минатата недела рече дека работата на далечина менува многу работи и оти нејзиниот раст мора да се регулира.

Таа се надева дека подобрата заштита на работниците исто така ќе привлече многу странци да дојдат да работат во Португалија, велејќи дека ја смета нејзината земја „едно од најдобрите места во светот за дигитални номади и работници од далечина“.

– Сакаме да ги привлечеме во Португалија, истакна Годињо.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content