СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Денеска во замокот Винздор ќе биде погребата кралицата Елизабета Втора

Настанот кој  светските медиуми го нарекуваат „погреб на векот“ ќе биде логистички и безбедносен предизвик од највисоко ниво за лондонската полиција.

Тоа ќе биде еден од најголемите и најкомплексните настани на британско тло од Втората светска војна, а американскиот претседател Џозеф Бајден е на врвот од листата на државници кои пристигнуваат од целиот свет.

Погребот ќе биде прикажан во парковите, плоштадите и кината низ Велика Британија, потврди владата.

Планирано е ковчегот со телото на кралицата да биде во Парламентот во Вестминстерската сала до 10:45 часот по локално време (11:45 часот по наше), а потоа со кочија да биде префрлен во Вестминстерската опатија, која се наоѓа во во непосредна близина, во придружуван од кралот Чарлс III и постарите членови на кралското семејство.

Комеморацијата започнува во 11 часот по локално време (12 часот по наше време) и трае еден час, а завршува со две минути молчење. Покрај кентерберискиот надбискуп Џастин Велби, делови од Библијата се очекува да чита и британската премиерка Елизабет Трас.

По богослужбата во опатијата, ковчегот во кој се наоѓа телото на кралицата ќе биде пренесен со лафет на Кралската морнарица низ Лондон, во придружба на семејството до Велингтон Арх, поминувајќи покрај  Бакингемската палата .

Поворката ќе пристигне во 15:00 часот (16:00 часот по наше време) до замокот Виндзор, каде што ќе се изврши богослужбата и погребот, а погребот во Виндзор ќе започне околу 16:00 часот (17:00 часот). Крајот на погребот е и крај на јавниот дел од погребот на Елизабета Втора, нејзиниот ковчег ќе биде положен во капелата Свети Ѓорѓи, до нејзиниот сопруг принцот Филип (Филип), околу 19:30 часот по локално време (20: 30) без присуство на јавноста.

Од македонска страна пак претставник е претседателот Пендаровски кој во придружба на неговата сопруга и оддаде почит на кралицата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content