Покрај постоечките комисии, во државата, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини. Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, а Комисијата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран.
„Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат“, велат од МЗ.