СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Охрид фест стартува во петок

Сѐ е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10 и 11 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер.

Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која преставува мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од екс ју, велат организаторите.

Во склоп на првата фестивалска, фолк вечер публиката ќе ужива во 17 нови композиции, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија. Во втората, интернационалната вечер ќе се претстават 20 изведувачи, а покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Во ревијалниот дел, пак, ќе настапи Владо Калембер.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content