СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Горан Пандев објави крај на кариерата

Горан Пандев во интервјуто за „Газета“ изјави дека ја завршува кариерата како професионален фудбалер на 39 години. Последен клуб на поранешниот македонски репрезентативец беше Парма во италијанската Серија Б.

Најголем дел од својата клупска кариера ја помина во Италија, беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо кога во 2010 година се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Пандев се потсети на неговото доаѓање во милански Интер. Пандев им се приклучи на „нераѕурите“ на средината на сезоната откако го раскина договорот со Лацио. Македонецот не постигна договор со Лацио и го одвоија од тимот. Шест месеци без тренинг или играње. Спорот беше изведен пред суд кој пресуди во корист на Пандев.

Напаѓачот ја објасни ситуацијата: „Фудбалот е чуден: за една година почнуваш лошо, не играш, си надвор од тимот и не знаеш што се случува. И на крајот од првенството ја освојувате тројната круна“.

Беше на првото место на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017. Беше прогласен за играч на годината во Македонија во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2010.

Професионалната кариера ја започна во Беласица, потоа се пресели во Интер, следуваа позајмица во Специја и Анкона, пет години во Лацио, по три во Интер и Наполи, една сезона во Галатасарај, вкупно седум години во Џенова и изминатата сезона во Парма. Севкупно 549 настапи и 112 голови.

За најдобрата македонска репрезентација лани играше на Европското првенство и го постигна првиот историски гол за А селекцијата на континенталните собири запиша 122 настапи и 38 голови како прв стрелец на вечната листа на најдобрата македонска репрезентација.

Во неговите идни планови фудбалот се очекува и натаму да биде е присутен. Признава дека тоа е „единственото нешто што знае да го направи“.

– Себеси повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам, да ги гледам игрите – вели Пандев.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content