Голема акција на МВР во тек: десетина лица уапсени за трговија со деца и сексуална експлоатација

41

Уапсени се десетина лица во голема полициска акција, која уште е во тек во Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација на дете. Тие се сомничат и за дело трговија со деца. Акцијата е во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На терен постапуваат десетици полицајци и специјалци од МВР. Станува збор за лица што подолго време биле следени.

Од МВР само дека потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content