СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Ги молела луѓето да ја поддржат при отворање на пекарницата (видео)

Kога дошол тој ден, била изненадена од затекнатата сцена!

Дека не треба тукутака да се откажуваме од своите соништа и дека треба да веруваме во нашиот успех, колку и да ни се чини недостижен или далечен, докажа една претприемачка која по една година планирање и голема желба, конечно ја отвори својата пекарница.

Она што таа го побарала од луѓето што ги познава и од нејзините придружници на социјалните мрежи, е да дојдат и да ја поддржат на отворањето.

Меѓутоа, ни во лудило не очекувала, дента кога ќе го започне сопствениот бизнис, местото каде што требало да ја отвори својата пекарница да го затекне во таква состојба.

На видеото објавено на Тикток, жената излегува пред пекарницата и не може да им поверува на сопствените очи. Пред вратата на новата продавница за пецива, затекнува непрегледна редица луѓе. Жената е во шок, од очите ѝ навираат солзи и таа оди да ги поздрави луѓето што дошле да го поддржат нејзиниот нов бизнис и она што долго време ѝ било сон.

@millionaires.dreamer #motivation #inspiration #millionairesdreamer ♬ original sound – Millionaires Dreamer

Корисниците на Тикток ова видео го дочекаа со воодушевување наведувајќи дека сè уште има добрина во луѓето, како и тоа дека честопати се случува поддршка да добиете од оние од кои не ја очекувате.

Некои од корисниците на Тикток забележаа дека зад сето ова стои мотивација и дисциплина, и изразија восхит на истрајноста на оваа млада жена.

Други се надоврзаа велејќи дека работата и посветеноста се исплатат, и дека Бог е пријател на трудољубивите луѓе. Видеото трогна многумина, но и ги инспирираше да истраат и да не се откажуваат во остварувањето на својот сон.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content