СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Гир: Зголемена висока корупција, злоупотреба на ЕУ знаменцето

Eвроамбасадорот Дејвид Гир го презентираше извештајот на Европската комисија за Македонија, на заедничка прес конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Според него, извештајот е искрен и правичен и доаѓа во контекст кога има значајна динамика во однос на проширувањето.

„Се искажува загриженост во врска со политичката поларизација, особено во гласањето на реформите. Процесот за проширување во ЕУ бара консензус за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна, некогаш и непотребна употреба на ЕУ знаменцето. Има злоупотреба на знаменцето за Кривичниот законик и за законите за коридорите 8 и 10д. Во владеењето на правото не е забележан прогрес. Се забележува недостиг на доверба кон судиите, но и разрешувањето на екс претседателката на судскиот совет. Повикуваме да се усвојат препораките, а потсетуваме и на препораките од претходните години кои не беа имплементирани“, вели Гир.

Евроамбасадорот посочи и дека нема никаков напредок во борбата со корупцијата, но и зголемена корупција на високо ниво.

„Борба со корупција, не е забележан напредок. Забележуваме случаи на корупција на високо ниво кои се зголемуваат. Тоа резултира со застарување на делата, што предизвикува голема загриженост. Извештајот ја пофали работата на ДКСК и ДЗР, но повикува препораките да се следат од страна на двете. Има ограничен напредок кај државната администрација. Условите во затворите се уште се лоши, особено во Идризово. Извештајот повикува посебни напори да се вложат во промовирање на недискриминација. Извештајот изразува и сериозна загриженост во врска со антиродовите кампањи“, посочи Гир.

Го посочи и менувањето на Уставот, односно дека односите со Бугарија се исклучиво во рацете на Македонија.

„Сите јасно разбираме дека проширувањето е во наш, заеднички интерес. Сакаме Македонија да ја искористи оваа динамика. Извештајот доаѓа со можности. Сакаме Македонија да ја искористи оваа можност. Извештајот е на 120 страници и е многу сеопфатен. Севкупно, извештајот во врска со политичките критериуми, ја поддржува државата да продолжи“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content