Генерален штрајк во Државниот испитен центар

0

Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.

Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари.

Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content