Во четврток владата ќе прогласи нова енергетска кризна состојба

0

Ова е втора по ред од почетокот на годинава. Со прогласувањето државата ќе може финансиски да го помага ЕСМ да набавува јаглен и мазут за да може да се стават во функција сите енергетски капацитети.

Од први септември на сила ќе стапат и препораките за штедење на електрична енергија. Меѓу препораките е исклучување на уличното осветлување наизменично на секоја втора улица.

Сепак градоначалничката  Арсовска  потенцира дека на булеварите и улиците кои се под надлежност на Град Скопје нема да се гаси уличното осветлување туку само ќе се намали интензитетот на уличните светилки до 70 проценти.

Со препораките за штедење се планира потрошувачката на струја да се намали за 5 проценти.

Сепак, стручната јавност смета дека препораките не се доволни, потребни се конкретни и издржани мерки, а заштедата од 15 проценти е незначителна.

Експертите неколку  пати до сега посочија дека со мерки за престојната зима многу се доцни.

Властите  пак уверуваат дека перидот што следи ќе биде тежок, но не очекуваат рестрикции.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content