Во Прилеп до 9 часот гласале 6,69 за претседателските, а 6,52 за парламентарните

147

Изборниот процес во Прилеп се одвива непречено и без проблеми. Според информациите од општинската изборна комисија, до 9 часот на гласање излегле, за претседателските избори 6,69 проценти од запишаните 62 169 граѓани со право на глас, а за парламентарните избори одзивот е 6,52 проценти од 62 271 избирач. Се гласа на 142 избирачки места.

Во Крушево до 9 часот и за претседателските и за парламентарните избори одзивот на граѓаните до 9 часот е 7 проценти. Таму правото на глас го остваруваат 7 775 избирачи за претседателските, а 7795 гласачи за парламентарните избори. Гласањето се одвива без проблеми.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content