Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии во Липково – обвинува албанската опозиција
Гласањето во избирачкото место 1112/1 во Липковo е прекинато, пишува Алсат.
Таму се сомничи злоупотреба за таканаречениот „бугарски воз“.
Членовите на ДИК не дозволуваат оваа злоупотреба да се докаже во извештајот на набљудувачите додека полицијата е веќе присутна.
Орхан Муртезани од ВРЕДИ денеска во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково, пишува Алсат.
„Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот воз“ во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии“, соопшти ВРЕДИ./Алсат.мк
Липково важи за бастион на најголемата албанска партија која е на власт.