СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Власта си игра топло-ладно со цените на производите

Власта си игра топло-ладно со цените на производите. Државата во обид да ја заузда инфлацијата цела година игра мајтап со граѓаните и фирмите со носење и укинување на економски мерки, кои досега ниту долгорочно ја стабилизираа економијата, ниту го подобрија стандардот за живеачка. Не се направи ни сериозна долгорочна стратегија за секогаш во иднина. Последна најава од власта е продолжување на замрзнатите цени и маржи.

– Ние година и пол се обидуваме да направие на стабилизирање на инфлацијата . Каде е проблемот, тоа е во контиуитетот на мерките.  Иако сум јас еден од оние кои е против замрзнување на цени и маржи, ако веќе ги правиме нека бидат во континуиитет, вели за Алфа аналитичарот Абил Бауш.

Главниот извор кој ја подгрева инфлацијата е скапата цена на струјата. Според познавачите, Македонија потфрли и тука, не се заштитуваат цените на енергенсите.

– Ако треба да замрзнувате цени или ако треба да субвенционирате нешто, би требало да фатите таму кај што ни доаѓа инфлацијата, а тоа е извозната инфлација а тоа е од цените на чинење на енегенсите. Во оваа ситуација ние апсолутно никакви мерки не преземавме како централна власт да ја зауздаме инфлацијата во овие енергенси. Во ЕУ прво замрзнаа цена на енергенси, тоа е стратешко. Имате стратешки инпут за економијата кој го штитите, вели Абил Бауш.

Инаку, инфлацијата во март имаше благ пад, но се уште држи високо ниво од 14,7 отсо. Веројатно во обид барем на харија да се намали притисокот, Владата одлучи до 31 мај да се замрзнати цените на овошјето и зеленчукот, а лебот, шеќерот, сончогледовото масло за јадење ќе се со замрзната маржа од 5 отсто во трговија на мало и големо до 30 јуни. Истото важи и за маржите на брашното, јајцата и млечни производи.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content