За мерката беше распишан јавен повик во април. Повикот траеше до 20 мај 2022 година, а корисници се регистрирани земјоделски стопанства согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Поддршката се реализира преку Програмата за рурален развој, мерка 121: Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7: Набавка на опрема за производство на тутун.
-Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка на земјоделците за набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој јавен повик, преку оваа Програма обезбедивме поддршка за земјоделците за набавка на трактори, мандри, специјализирани комбајни за ориз и сушари, како и поддршка за изградба на силоси и веќе склучивме 24 договори, наведува МЗШВ.