СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Во тек ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

Во РЕК Битола во полн ек е ремонтот на Блок 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании, известуваат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе.

Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството. Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола би продолжил со работа со полн капацитет, информираат од ЕСМ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content