Турнирот летово ќе се одигра по седми пат, а истиот ќе се одржи од 26-28 август.
Прилеп во улога на домаќин ќе пречека уште пет екипи кон крајот на август, а и оваа година турнирот ќе има меѓународен карактер.
Ќе видиме и ново домашно име. Екипата на Мулти Есенс, новиот ракометен проект на Алкалоид ќе настапи на овој турнир на кој ќе бидат уште и екипите на Струга и на Скопје 2020.
Дубочица од Србија и грчкиот ПАОК ќе бидат гостите од странство.