СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Во четврток владата ќе прогласи нова енергетска кризна состојба

Во четврток државата ќе прогласи нова кризна состојба на пазарот со струја, која ќе стапи на сила од први септември, потврдија од министерството за економија.

Ова е втора по ред од почетокот на годинава. Со прогласувањето државата ќе може финансиски да го помага ЕСМ да набавува јаглен и мазут за да може да се стават во функција сите енергетски капацитети.

Од први септември на сила ќе стапат и препораките за штедење на електрична енергија. Меѓу препораките е исклучување на уличното осветлување наизменично на секоја втора улица.

Сепак градоначалничката  Арсовска  потенцира дека на булеварите и улиците кои се под надлежност на Град Скопје нема да се гаси уличното осветлување туку само ќе се намали интензитетот на уличните светилки до 70 проценти.

Со препораките за штедење се планира потрошувачката на струја да се намали за 5 проценти.

Сепак, стручната јавност смета дека препораките не се доволни, потребни се конкретни и издржани мерки, а заштедата од 15 проценти е незначителна.

Експертите неколку  пати до сега посочија дека со мерки за престојната зима многу се доцни.

Властите  пак уверуваат дека перидот што следи ќе биде тежок, но не очекуваат рестрикции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content