Велосипедска тура низ Конче долга 56 километри

0

Учесниците ќе имаат можност прв пат да возат по маркирани патеки низ природните предели на општината Конче.

Се очекува на настанот да има над 200 велосипедисти.

Вело-фестот почна вчера, а се одржува на езерото Мантово во Општина Конче. Покрај велосипедската тура околу езерото и можноста учесниците да кампуваат на неговиот брег, има саем на локални производи и културно-уметничка програма со настапи на фолклорни ансамбли, ди-џеј и бенд во живо.

Учеството е бесплатно и покрај наведените содржини, за учесниците се обезбедени и оброци, пијалаци, маички и сувенири.

Настанот е наменет за сите што рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планинско-ридски предели и кои поседуваат неопходна опрема за велосипедизам. Коорганизатор е здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

„Авантурите на Конче и Мантово“ е дел од проектот Netoural, кофинансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content